Европратеникот Андреј Ковачев во вечерашното дебатно издание „Клик Плус“ на ТВ21 одговори зошто чествувањето на 11-ти Октомври во Северна Македонија за него е провокација.
„Мојата најнова изјава беше за тоа дека ние треба да најдеме решение за се што не разделува. На децениските манипулации на историјата во минатото кои треба да ги оставиме во минатото, заедно рака за рака да бидеме во Европскиот Сојуз како рамноправни членки и РСМ да биде дел од Сојузот. Мојата последна изјава беше за современата реалност и затоа дека самоопределувањето е човечко право на секој и нема потреба никој да му кажува некому или да го признава, тоа е човечко право, како и да го идентификува јазикот на кој зборува, секој зборува на јазикот на кој сака да зборува. Никој нема право и да го менува минатото на починати луѓе и идентитетот, како и да го менува јазикот на кој зборувале“, посочи Ковачев.
Тој додаде дека тоа ќе мора што побрзо да се реши за Македонија да ги започне преговорите со ЕУ.
