Европската комисија ќе побара Вашингтон да обезбеди слободен проток на испорачување на клучните состојки на вакцините против Ковид-19.
ЕУ ќе побара од САД да дозволи извоз на повеќе милиони дози на вакцините АстраЗенека во Европа, за да се надминат тешкотиите во снабдувањето, пишува „Фајнешл тајмс“, а пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека британскиот лист ја цитира Европската комисија која најавила дека од Вашингтон ќе побара слободен проток на клучните состојки на вакцините, за нивно производство, за да се испочитуваат сите договорени обврски кон земјите во ЕУ.
