Европската комисија му одговори на Трамп: Зеленски е одбран легално на фер, слободни и демократски избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володомир Зеленски беше легално на фер, слободни и демократски избори. Украина е дмократија, а Русија под Путин не е, изјави порпаролот на Евроспката комисија како одговор на Доналд Трамп, кој претходно кажа дека Украина мора да организира нови избори.

„Не сакам да шпекулирам од каде американскиот претседател ги добива овие информации да дава такви изјави“, рече протпаролот, истакнувајќи дека во ЕУ продолжуваат состаноците на различните нивоа поврзани со можностите за постигнување праведен и траен мир во Украина.

Од ЕК посочија дека не може да се дојде до решение за праведен мир без учество на Украина и ЕУ во преговорите.