Европската комисија за одбивањето на кандидатурата на Георгеску: „Изборите во Романија се работа на властите во таа земја“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската комисија не сака да ја коментира забраната на независниот кандидат Калин Георгеску да учествува на претседателските избори, изјави денеска портпаролот на ЕК.

„Да бидеме многу јасни: изборите се национална надлежност и Комисијата не го коментира романскиот изборен процес, што е прашање на романските власти и, на крајот, на романскиот народ“, рече портпаролот, пренесува Еурактив.

Романската Централна изборна комисија во неделата вечерта ја отфрли кандидатурата на Георгеску, што ги натера неговите поддржувачи да организираат протести во центарот на Букурешт.