Демократската партија на Турците исто така му кажа ДА на Европскиот фронт. Претседателот на оваа партија, Бејџан Илас за ТВ21 потврди дека ја прифатил понудата на Ахмети, а додаде дека овој фронт е најблиску до нивната програма. Во заедничките листи ДПТ ќе има свои предлози за кандидати за пратеници, а овој пат очекува да имаат максимален број. Дополнително, Илас смета дека ќе ја има поддршката од ДУИ за остварување на нивните права како заедница.
Ахмети во текот на вчерашниот ден си подаде рака и со Курто Дудуш од Сојуз на ромите. Што се однесува до понудата, Дудуш вели дека не е дефинитивна, но станува збор за долга листа.
Засега дел од Европскиот фронт се шест партии, а доколку се постигне договор и со Зијадин Села, тогаш во оваа коалиција ќе има вкупно 7 политички партии.
