Политичките партии се уште не ги соопштија имињата на носителите на листите, но и составот на листите по изборни единици. Се очекува Европскиот фронт на чело со ДУИ прво да ја официјализира коалицијата со другите албански партии, а потоа да се дефинира листата на кандидати за пратеници. Во македонскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ ги откри носителите на листи а СДСМ се уште калкулира.
Иако веќе е јасно кој со кого ќе формира предизборна коалиција, листите со кандидати за пратеници остануваат нејасни. Во албанскиот политички блок, коалицијата ВРЕДИ веќе ја официјализираше соработката и се очекува да ги објави листите и носителите на листи врз основа на изборните единици. Според она што неофицијално се знае, Изет Меџити се очекува да биде носител во првата изборна единица, во ИЕ2 Африм Гаши, во шестата Билал Касами. Во ИЕ5 се очекува да биде некој од партијата на Арбен Таравари.
Што се однесува до европскиот фронт предводен од ДУИ, коалицијата е во фаза на формирање и се очекува многу брзо да се официјализира. На заеднички листи со ДУИ се очекува да се најдат крилото на АА на Села, ДПА, ЕДП и Народното движење. Аријанит Хоџа од ЕДП, за ТВ21 вели дека сите овие партии биле ангажирани во внатрешно организирање и наскоро ќе објават финализирање на коалицијата.
И Скендер Реџепи, од Народното движење извести дека нема ништо ново во врска со разговорите но наскоро тие ќе се сретнат.
Од оваа коалиција дознаваме дека носител во првата ИЕ ќе биде Блерим Беџети, а по него на листата е Скендер Реџепи – Зејди. Во ИЕ2 носител на листа ќе биде Садула Дураку, а втор ќе биде Елми Азири. Во третата и четвртата единица нема да имаат свои претставници, додека во петтата носител ќе бидат Зиадин Села и втор ќе биде Муса Џафери. Шестата единица, која важи за најатрактивна во која се мерат лидерите на албанскиот политички блок, ќе ја предводи Али Ахмети, а втор на листата е Талат Џафери. Во македонскиот блок, носителите на листите по Изборни единици ги соопшти првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Лично ќе ја биде носител на листата во ИЕ1, Владо Мисајловски ИЕ2, Драган Ковачки ИЕ3, Александар Николовски во ИЕ4, во ИЕ 5 се уште нема конечна одлука, додека носител на листа во ИЕ6 ќе биде Дафина Стојановска.
Во СДСМ веќе е познато дека носител на листата во ИЕ1 ќе биде лидер Димитар Ковачевски, но заедно со Моника Зајкова. Со ИЕ2 ќе предводи Сања Лукаревска заедно со Фатмир Битиќи. Оливер Спасовски најверојатно ќе биде во третата ИЕ, но нејасно е кој ќе биде со него. Носители на ИЕ4 ќе бидат Венко Филипче и Јована Тренчевска, со ИЕ5 ќе предводат Јован Митрески и Бисера Костадинова-Стојчевска. Во ИЕ6 носител ќе биде Славјанка Петровска, но кој ќе биде со неа се уште се калкулира. Исто така се дознава дека и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ побарал да биде еден од носителите на листите.
