Европскиот парламент ќе и помогне на Северна Македонија, но Македонија мора да помине низ некои важни процеси како што се политичките прашања, прашањата за владеење на правото и промените во системот, кои се важни чекори за членство во Европската унија, рече претседавачот на делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитет на ЕУ и РСМ, Карло Реслер.
Одговарајќи за спорот со Бугарија, тој рече дека Европскиот парламент може да ја релаксира ситуацијата. Тој додаде дека Хрватска, како земја членка на ЕУ, стои на располагање како пријател на Северна Македонија да ја поддржи земјата и да делува како олеснувач за членството, бидејќи тоа е во интерес не само на Југоисточна Европа, туку во интерес на целата Унија.
„Ова прашање е билатерално прашање кое мора да се реши меѓу две земји, Бугарија – земја членка и земја кандидат за ЕУ – Северна Македонија. Европската унија е тука подготвена, врз основа на досегашното искуство, како она со Хрватска, може да биде помошник, може да биде олеснувач и посредник на еден таков разговор, а јасно е дека ние во парламентарна димензија, можеме да се обидеме да ја релаксираме ситуацијата“, вели европратеникот Карло Реслер.
