Ракометниот европски првак Вардар повеќе нема да биде истиот, откако денеска неколку играчи си заминаа од клубот, а неколку најавија исто сценарио во следните неколку дена.
Павел Атман е веќе промовиран како нов играч на Спартак Москва, Данис Криштопанс ќе игра за Фуксе Берлин до крајот на сезоната, пред да замине во ПСЖ летоска со кој е под договор од претходно.
Голманот Калифа Гедбан веројатно продолжува во Шпанија, а најава за заминување имало и од Де Толедо и Сташ Скубе, пренесува „Спортмедиа“.
Исто така можно е Кристијан Дисингер да си оди, доколку има некоја добра понуда.
