Европските берзански индекси денеска бележат претежно благ раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи двонеделното примирје меѓу САД и Иран. Во меѓувреме, цената на нафтата Брент се движи околу 98 долари за барел.
Трамп во објава на својата социјална мрежа Truth Social наведе дека примирјето, кое претходно требало да заврши во среда, ќе трае сè додека иранските лидери не достават заеднички предлог за завршување на војната со САД и Израел. Тој оцени дека владата во Техеран е „сериозно поделена“ по ова прашање.
Според податоци од берзите во 9:30 часот, цената на суровата нафта паднала за 0,91% на 88,850 долари, додека нафтата Брент се намалила за 0,65% на 98,012 долари.
