Европските власти изразуваат сочувство за несреќата во Нови Сад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Странските претставници изразуваат сочувство до семејствата на загинатите во несреќата што се случи на Железничката станица во Нови Сад кога се урна покривната конструкција.

Еврокомесарот Оливер Вархеји на социјалната мрежа Х напиша дека им посакува брзо закрепнување на повредените во несреќата.

„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и посакувам брзо закрепнување на сите повредени во трагичната несреќа во Нови Сад. Моите мисли и молитви се со народот на Србија“, рече Оливер Вархеји.

Тонину Пицула, пратеник во Европскиот парламент, им изрази сочувство на жртвите.

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан му изрази сочувство на претседателот на Србија.

„Сакам да изразам најдлабоко сочувство до народот на Србија по трагичното уривање на покривот на железничката станица во Нови Сад. Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите“, рече тој.

За потсетување, тринаесет лица загинаа при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој изјави и дека спасувачката акција се уште трае.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека се повредени повеќе од 30 лица. Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани. Ден на жалост е прогласен во сабота низ цела Србија, а три дена во Нови Сад.