Фантастично селекторско деби на Лазаров: Светскиот првак Данска „падна“ во Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонската ракометна репрезентација вечерва во салата „Борис Трајковски“ го играше третиот квалификациски натпревар за пласман на ЕП против светскиот првак Данска, и ја победи со 33:29.

Македонија одигра фантастичен натпревар под водство на новиот селектор Кире Лазаров, кој што постигна четири гола, додека по пет гола дадоа Кузмановски, Талески и Манасков. Најефикасен на средбата беше Хансен со 11 голови.

Само на почетокот Данците имаа предност, додека потоа во текот на целиот меч Македонија имаше предност, во еден момент осум разлика.

Останатите селекции во нашата група се Швајцарија и Финска. Денеска играа меѓу себе и Швајцарија триумфираше на теренот на Финците со 13 разлика (32:19).

Досега од три меча имаме освоено три победи.