Фатмир Дехари: Прв премиер Албанец – историска и политичка еуфорија!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари гостува вечерба во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Тој коментирајќи ја еуфоријата на ДУИ за првиот премиер Албанец, истакна дека таа е и историска и политичка.

Според него, важноста лежи во тоа што се отвора патот за утре да има премиер со полн мандат.

„Ако денес имаме технички премиер, утре ќе имаме премиер со 4-годишен мандат“, додаде Дехари.