На панелот по повод одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот договор, чиј главен фокус на владеењето на правото, европската иднина и младите, министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати се осврна на пристапот на политиката кон младите, за кој оцени дека треба да се менува.
„Сепак, многу зборуваме за младите, нели. И ако го погледнете панелот, немаме баш толку млади. Тоа не е случајно. Мислам, ова е прва манифестација од ваков вид, за која сакаме прво да изградиме доверба и, ја започнуваме таа доверба со тоа што ги покануваме клучните актери во земјата што учествуваат, да го направат овој настан величествен со цел во годините што доаѓаат, да оставиме сѐ помалку простор за дискусија за политичарите, а сѐ повеќе простор за примери и за младите луѓе кои имаат извонредни успеси во работата што ја вршат“, истакна Ферати.
