Претставникот на Алијанса за Албанците, Арбен Фетаи се вклучи од Брисел во дебатниот магазин „EU Click“ на ТВ21 и посочи дека без да се одлучи за отворање на границите во Европа и без да се вратат летовите би можело да настане проблем во однос на учеството на странските набљудувачи.
„Многу граѓани останаа надвор од земјата и се затекнати во некоја друга земја, во недостаток на поддршка од Министерството за надворешни работи на РСМ за да ги врати печалбарите и оние кои се привремено вработени во земјите во Европа и светот. Исто така и дијаспората, која треба да има право и можност да го искористи правото на глас, како секој друг граѓанин во земјата“, посочи Фетаи.
Тој додаде дека надвор од условите кои вчера биле истакнати од претседателот на Алијанса за Албанците, при излегување од вонредната состојба во која се наоѓа земјата, одржување на толку брзи избори претставува проблем од демократски и уставен аспект.
„Има многу устави во земјите на ЕУ кои предвидуваат дека избори не може да има најмалку 60 до 90 дена по истек на вонредна состојба, имајќи ја предвид власта што во таква состојба преминува кај Владата како вршител на должност, во овој случај Владата во заминување“, порача Фетаи.
