Фетаи по згаснувањето на СЈО: Борбата за правда не застанува тука

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од денеска СЈО и официјално заминува во историјата, со стапување на сила на новиот Закон за јавното обвинителство. Обвинителката Фатиме Фетаи која беше обвинителка во СЈО, вели дека со згаснувањето на СЈО, не застанува борбата за правда.

„Единствено претставува нова законодавна рамка која ни дава можност на нас обвинителите преку еден нов начин да се бориме против криминалот. Како и на кој начин, тоа зависи од обвинителите. Борбата за правда не застанува тука, ниту животот застанува“, рече Фетаи по денешното рочиште за случајот „Монструм“.