„Фич“: Здравите основи на банкарскиот сектор имаат значаен придонес за ублажување на шокот од пандемијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Приведен тетовец кој со остар предмет и се заканувал на неговата сопруга

Вчера (17 јануари) околу 9 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 66-годишниот тетовец И.Ѓ., кој...

Камион удрил во кабина на патарина, па побегнал

На 17.01.2021 во 13.20 часот било пријавено дека на автопатот Демир Капија-Неготино, кај наплатна станица Демир Капија, товарно возило...

Кина стави во карантин три милиони луѓе откако асимптоматски трговски патник заразил стотици луѓе

Речиси три милиони луѓе се ставени под карантин во Кина по зголемен број случаи на коронавирус поврзани со трговски...

Денес 18-ти јануари е вашиот најсреќен ден – Ден со најголеми попусти во сите Нептун продавници!

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината. Оваа година тоа еденешниов ден понеделник 18-ти јануари....

Пад на водостојот на поголем дел од реките

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи...

Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг за нашата земја на ББ+, со негативен изглед, којшто главно ја отсликува неизвесноста поради вториот бран на пандемијата на ковид-19. Потврдувањето на кредитниот рејтинг првенствено се должи на кохерентноста на макроекономските политики, којашто ја поддржува стратегијата на фиксен курс на денарот во однос на еврото, како и на фактот што банкарскиот сектор и пристапот на економијата до надворешно финансирање се покажале отпорни на шокот предизвикан од коронавирусот. Соопштувајќи го ова, агенцијата подетално ги претстави и своите видувања за македонската економија во целина, како и очекувањата за претстојниот период.

Меѓу другото, од „Фич“ истакнуваат дека здравите основи на банкарскиот сектор, заедно со соодветната поддршка од политиките, имаат значаен придонес за ублажување на шокот од пандемијата, обезбедувајќи солидна кредитна поддршка за економијата од близу 7% оваа година. Имајќи ги предвид кризните состојби, посебно се акцентирани одржаната ликвидност и адекватната капитализираност и профитабилност на банкарскиот систем, како и натамошното подобрување на квалитетот на кредитните пласмани.

Според агенцијата, забрзаното ширење на вирусната инфекција претставува главен ризик за извозната побарувачка и странските инвестиции, а со тоа и за растот на економијата во следниот период. Од друга страна, фокусот на структурни и институционални реформи во рамките на евроинтегративниот процес и натаму се истакнуваат како позитивни ризици.