ФИФА и официјално потврди: Иран ќе игра на Светското првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за време на Конгресот на ФИФА кој се одржува во Ванкувер, ја разреши дилемата дали Иран ќе игра на Светското првенство.

Ова стана тема на дискусија после воениот напад на САД и на Израел врз Иран. Иранците не сакаа да играат во САД, или бараа да бидат преместени во Мексико, но тоа не се случи.

Сега Инфантино кажа дека официјално Иран ќе настапува на Мундијалот.

„Дозволете ми да потврдам уште на самиот почеток, за оние кои можеби сакаат да кажат или напишат нешто друго, Иран секако ќе учествува на Светското првенство оваа година. Секако, Иран ќе игра во Америка. Причината е едноставна, бидејќи мора да се обединиме. Мора да ги зближиме луѓето.“, рече Инфантино.

Иранците ќе бидат во групата Г заедно со Нов Зеланд, Белгија и Египет.