ФИФА размислува за воведување на ново правило во фудбалот, ќе се применува веќе на Мундијалот на лето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Светската фудбалска организација ФИФА разгледува промена која би можела да им го олесни настапот на репрезентациите кои настапуваат на Светското првенство.

Имено, од неколку извори доаѓаат информации дека ФИФА размислува да воведе уште едно „бришење“ на картоните. Досега, жолтите картони се бришеа по групната фаза, а сега ФИФА размислува да го стори истото по четвртфиналето. Оваа идеја произлезе од проширувањето на првенството на 48 екипи, што значи поголем број натпревари од претходно.

Со проширувањето на 48 национални репрезентации, наместо претходните седум натпревари потребни за пласман во финалето, сега ќе има осум за пласман во натпреварот што ја одлучува титулата. Имено, се воведува дополнително коло – осминафинале.

„АС“ пишува дека ФИФА сака да ги заштити играчите и да спречи последните фази од турнирот да бидат преполни со суспендирани играчи. Затоа се воведува уште едно „чистење“ на картоните – едно по групната фаза, а другото по четвртфиналето.

Дополнително „чистење“ на картонот ќе биде дискутирано овој вторник на состанокот на Советот на ФИФА во Ванкувер.