Филипче: Ако се почитуваат мерките, ризикот за пренос на вирусот во училиштата е минимален

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, уште еднаш ја коментираше ситуацијата во училиштата. Тој кажа дека се регистрирани уште три нови случаи, од кои едно дете од Велес, и тоа е прв случај во внатрешноста.

Филипче кажа дека минимален е ризикот на пренос на вирусот, доколку се почитуваат мерките.

„Мал е бројот на деца кои заболеле. Имајќи предвид дека во минатата година 40% од вкупнито процент на деца беа со физичко присуство, и незначителен беше бројот на деца кои заболеа во училиште, нависитна ризикот е минимален доколку се почитуваат сите протоколи“, кажа Филипче.