Филипче: Армијата дава голема поддршка на здравствениот систем и истата се вклопи во помагање во ковид центрите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„На денешната работна средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски го информирав за моменталната состојба со менаџирање на болниците и ковид центрите, состојба на пациентите како и за проекции за функционирање на здравствениот систем во престојниот период“, информира министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Тој вели дека ги образложил најновите мерки кои вчера ги прифатила Владата, а биле на предлог на Комисијата за заразни болести.

„Армијата дава голема поддршка на здравствениот систем и истата се вклопи во помагање во ковид центрите. На средбата, го информирав претседателот Пендаровски и за проговорите кои течат во насока на набавка на вакцината против Ковид-19, како и улогата на УНИЦЕФ како координатор за преземање на ковид вакцините од произведувачот до нашата земја“, додава Филипче.