„Филипче да си ги смени советниците“ – Матичните лекари против идејата на министерот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателката на Здружението на матични лекари, Лилија Чолакова го оценува како недостоинствен предлогот на министерот за здравство Фенко Филипче  за награда на лекарите од 30 денари по вакциниран пациент за корона вирус.

Чолакова вели дека важно е здравјето на пациентите но е против нивно присилување да се вакцинираат против ковид, бидејќи не сите пациенти можат да се вакцинираат поради одредени дијагнози или разни болести кои предизвикуваат реакции.

Таа  излезе со предлог до Филипче, да си ги смени  советниците.

Утре на состанокот на Комисијата за заразни болести ќе се разгледа предлогот на министерот Филипче  за поттикнување на вакцинацијата, вклучително и планот за награда на лекарите со 30 денари по вакциниран пациент во случај да успеат да вакцинираат 70% од   пациентите.