Филипче денеска на средба со министерот за здравство на Грција за претстојната летна сезона

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот Венко Филипче, денеска на прес-конференцијата најави дека ќе има средба со неговиот колега од Грција, на која ќе биде разговарано пред се за престојната летна сезона.

Грција најави отворање на границите на 1. јуни, но со посебни протоколи, меѓу кои се споменува и тест не подолг од 72 часа.

„Со отворањето на границите од Грција, Македонија ќе биде оптоварена од коридорот север – југ од страна на туристи кои ќе се упатуваат кон Грција.“, рече Филипче.