Филипче: Епидемијата се смирува, но вирусот нема да исчезне, следува фаза во која ќе учиме да живееме со него

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска истакна дека и покрај смирувањето на епидемијата на коронавирусот, вирусот нема да исчезне, барем не во догледно време.

„Бројот на заразени значително се намали, епидемијата е во фаза на смирување. Сите овие фактори се значајно подобрени. Предвидувања во следниот период, ги гледаме добрите ефекти, се наоѓаме на последните недели на вообичаено траење на респираторните вируси. Треба да се сме свесни дека вирусот нема да исчезне во подолг временски период, не само кај нас, туку и во Светот. Еден период пред нас во кој треба да научиме да живееме со вирусот“, изјави Филипче.