Министерот Венко Филипче, утрово го посети пациентот кому вчера му беше трансплантирано срце од починат донор. Филипче напомена дека Сашо се чувствува добро, и дека е комнтактибилен и се опоравува од операцијата.
„Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце. Тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики“, напиша Филипче на „Фејсбук“.
