Министерот Венко Филипче, вели дека е охрабрен од големиот одзив на граѓаните за теренската вакцинација и уште еднаш порача дека само со масовна вакцинација ќе се стекне колективен имунитет до крајот на летото.
„Навистина охрабрува големиот одзив кај граѓаните за теренската вакцинација. Секоја чест и за сите колеги здравствени работници кои се вклучени во оваа операција. Граѓаните масовно да се вакцинираат, имаме одличен напредок во бројките на вакцинирани. Само со ова темпо можеме до крајот на летото да се надеваме на колективен имунитет.“, напиша Филипче на „Фејсбук“.
