Министерот за здравство Венко Филипче кој се упати веднаш кон Тетово, на својот „Твитер“ профил објави дека има жртви во несреќата, и дека нивниот број се утврдува.
„Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов.“, напиша Филипче.

