Филипче: Ја примив вакцината на Синофарм, сите вакцини се безбедни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска ја прими вакцината против коронавирусот од производителот „Синофарм“. Филипче по примањето на првата доза, се обрати на медиумите, и уште еднаш апелираше сите да се пријават за вакцинација и да се вакцинираат.

„Пандемијата не научи на многу работи, уште од минатата година да бидеме сплотени, и да користиме универзални начини на заштита, а во оваа фаза нов момент, повторно да бидеме сплотени околу тоа да ставиме приоритет на вакцинацијата како еден од клучните елементи кои може да ја смени сликата на пандемијата. Вакцината долго ја чекавме, значи фактор кој ќе влијае да се смени пандемијата насекаде, а сега соочени со една болест за која немаше вакцина, знаеме што значи кога овој инструмент го немаме во рацете. Апелирам сите да се вакцинираат. Несаканите ефекти се мали, има точни контраиндикации за возрасни групи или некои специфична категорина на граѓани, и го влечеме како податок од некои научни трудови“, рече Филипче.

Тој додаде дека ја примил вакцината на „Синофарм“, и порача дека сите вакцини се безбедни.

„Ја примив вакцината на Синофарм, но буквално сите вакцини се безбедни. Системот за вакцинација добро се спроведува во нашата земја“, изјави Филипче.