Министерот за здравство Венко Филипче, денеска беше во посета на Будимирци, заедно со премиерот Заев и министерката Шекеринска.
Филипче кажа дека медицински екипи се подготвени доколку е потребна помош некому околу гаснењето на пожарите.
„Медицинските екипи од здравствениот дом во Берово се екипирани и на терен ја следат состојбата со пожарите во овој регион. Тимови од здравствените установи во околните градови се подготвени доколку е потребна помош. Среќен сум што во моментов нема повредени посакувам така и да остане.“, напиша Филипче на „Фејсбук“.
