Филипче: НАТО е наша заслуга, власта „игра“ со Русија – Лефков: Заев и Филипче, како Путин и Лукашенко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Членството на Македонија во НАТО е најдоброто нешто што и се случило на државата од безбедносен аспект, иако се направени големи отстапки за исплнување на таа цел, вели Венко Филипче, во Клик Плус. Сега Македонија е под безбедносен чадор , во услови кога на Блискиот исток се разгорува нова војна, додава тој. Воедно бвини и дека власта „игра“ со Русија и Кина, што е спротивно на интересите на САД и НАТО алијансата.

„Иран се групира заедно со Русија и Кина, на друга страна, спроти интересите на САД и НАТО, тоа го кажа генералниот секретар (Марк Руте) во Собранието. Што ќе кажат членовите на Владата, што ќе каже премиерот, што ќе каже раководствто на ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ, кога секојдневно, еве и ние вадиме информации дека имаат тесни врски со луѓе кои што имаат врски со Русија, не одговирија никако на прашањето кој е Душан Адамовиќ, новопоставениот конзул на Македонија во Србија, човек кој што вели дека Македонија е окупирана српска територија“, изјави Филипче.

Од ВМРО-ДПМНЕ, со иста реторика кон Филипче и СДСМ. Велат дека со СДСМ, Македонија станала хибриден режим, нешто како што се Русија и Белорусија со Путин и Лукашенко.

„Политиките на СДСМ со Заев и Филипче ја одалечија Македонија од демократските стандарди, а ја приближија кон руската политика. Политиките на СДСМ со Заев и Филипче ја направија Македонија да биде хибриден режим, со слични карактеристики на владеење како на Путин и Лукашенко“, изјави Лефков.

Инаку, во вторникот генералниот секретар на НАТО, Марк Руте беше во Скопје и јасно порача дека Алијансата цврсто стои зад секоја своја членка. А, и покрај препукувањата, сепак според реториката и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се согласни дека членството во НАТО е голема придобивка од безбедносен аспект за нашата држава.