Филипче: Не постои болест која е во корелација со било која вакцина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, на гостувањето во ТВ Сител, одговораше на прашање на гледач околу вакцините, односно колку деца се оштетени со примањето на вакцини.

Тој рече дека вакцините искорениле многу болести, и дека се целосно безбедни.

„Вакцинацијата е нешто со кое се соочивме лани со пандемијата на морбили. Вакцините се безбедни, и создаваат имунитет. Еве, сега гледаме што значи да имаме работа кога ќе дојде болест за која нема вакцини.

Вакцините искорениле многу болести, тие се придобивка на развојот на современата медицина Не постои болест која е во корелација со било која вакцина“, рече Филипче.

Претходно министерот рече дека очекува да стигнат дози за вакцини против ковид-19 за 400 илјади граѓани до март идната година.