Опозициската СДСМ нема да го поддржи во Собранието Законот за прекршоци, кој е поврзан со примената на системот „Сејф сити“, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче. Тој изјави дека власта не се обидува да ја уреди безбедноста на податоците на граѓаните и дека никој не објаснува како тие ќе бидат контролирани.
„Ние нема да го поддржиме тој закон, не сме против безбедноста во сообраќајот, доказ за тоа е што ние го започнавме тој систем. Сепак, не можеме да дозволиме системот да се спроведува делумно. Покрај тоа што сме за безбедност во сообраќајот, ние сме и за безбедност на податоците, за што власта ниту зборува, ниту се обидува да го уреди. Седнавме на маса на лидерската средба, тие се согласија за различни работи, ќе видиме каков ќе биде резултатот од уште еден договор различен од таа спогодба“, рече Филипче.
