Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска коментираше околу колективниот имунитет. Тој во изјава кажа дека очекува до крајот на летото да биде стекнат колективен имунитет.
Филипче смета дека тоа се темели на проценка, но и дека некоја нова мутација може да ја смени сликата.
„Проценката е дека повеќе граѓани имаат имунитет, дури и за некои од нив за кои нема информации дека прележале коронавирус. Секако тука е и вакцинацијата. Дали некоја мутација може да ја смени сликата. Претпоставивке е дека може. Сепак, колективниот имунутет ќе ги штити граѓаните дури и од мутација. Доколку нема мутација и остане вака колективен имунутет сигурно ќе стекнеме до летото. Доколку има некоја, никој не може да претпостави, може да ја смени сликата, но не верувам дека тоа ќе биде нешто значајно“, одговори Филипче.
