На прес конференцијата денеска министерот за здравство Венко Филипче информираше дека нема наши државјани заразени со коронавирус во регионот на северна Италија.
Филипче додаде дека утрово разговарал со конзулот и нема податоци за заболени наши државјани, ниту пак наши државјани кои се во карантин.
