Трамп потпиша наредба за намалување на бројот на вакцинации за деца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се бара намалување на бројот на вакцинации за деца, при што повторно повика вакцината која штити од морбили, заушки и рубеола, позната како ММР, да се подели на три одделни дози. Воедно, бројот на вакцини се намалува на 11, од 18 кои ги препорачува Американската академија за педијатрија.

„Мојата администрација ги признава златните стандарди за препораки за вакцинација на децата само за 11 основни вакцини против најсериозните и најопасните болести, заедно со ММР-вакцината, која се надеваме дека ќе биде поделена“, изјави Трамп при потпишувањето во Овалната соба.

„Пред неколку децении, децата примаа само мал дел од вакцините кои денес се потребни и во тоа време луѓето беа многу поздрави, а секако не постоеја ниту високите стапки на аутизам што ги гледаме денес“, рече Трамп, кој долго време изразува сомнежи во безбедноста на ММР-вакцината. Сепак, бројни студии не откриле никаква поврзаност меѓу вакцините и аутизмот.

Намалувањето на вакцинацијата е еден од клучните приоритети на секретарот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој основал непрофитна организација против вакцинацијата и долго време промовира недокажана поврзаност меѓу имунизацијата и аутизмот.

Последната наредба на претседателот доаѓа во период кога децата низ целата земја се подготвуваат да се вратат на училиште, а САД се соочуваат со најголемата епидемија на морбили во последните 35 години.