Според анализите на Министерството за здравство, бројот на позитивни случаи се стабилизира и има лесен пад на бројот на заразени. Од сите активни случаи, 6,7% се хоспитализирани и се лекуваат во болница, но според министерот Филипче радува бројот на оздравени од Ковид-19.
И покрај фактот дека се пуштени неколку оддели за пациентите позитивни на Ковид-19, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјавува дека нема слободни кревети. Мицкоски истакна дека нема ниту кислород,нема паравани меѓу починатите пациенти и тие кои се лекуваат во болница.
Изјавата на Мицкоски ја отфрли Филипче.
Филипче истакна дека позитивни се вестите за вакцината. Според него, следната година со набавка на вакцината која речиси е при крај, состојбата со пандемијата видно ќе се подобри. Нема потреба од полициски час, бидејќи актуелните анти-ковид мерки даваат ги даваат очекуваните резултати, смета министерот за здравство.