Министерот за здравсто Венко Филипче, денеска даде изјава во врска со коронавирусот. Вчера стигна информација дека на бродот заробен во Јокохама, Јапонија поради коронавирусот, има и тројца македонски државјани.
„Тројца на бродот и уште еден наш државјанин во Франција се во карантин. Кинеските власти на соодветен начин ги третираат, и пред да заминат од земјата, мора да бидат таму 14 дена во карантин. Кина пушта само здрави лица да ја напуштат земјата, и тие би не инфомирале за и ние да ги превземеме мерките тука.
Што се однесува до тројцата државјани на бродот, детални информации ќе добиеме во текот на денот. Контактираме и со светската здравствена организација, и веднаш штом добиеме информации, ќе ја известиме јавноста“, рече Филипче.
