Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека охрабрувачки е тоа што расте бројот на оздравени пациенти од коронавирус.
„Она што охрабрува е дека расте бројот на оздравени во изминатиот период. Евидентираме високи бројки на оздравени, од домашно и болничко лекување, конкретно минатата недела процентот на оздравени во однос на претходната е зголемен за 45 проценти, а трендот на зголемен број на оздравени продолжува и оваа недела“, вели Филипче.
