Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција посочи дека околу 15 семејства носат 90% од новите случаи.
„Продолжува тестирањето на сите контакти на заболените во кризните општини, од вчера до денес таргетирано се тестираше и кластерската анализа на новодијагностицирани. Околу 15 семејства вкупно носат 90% од новите случаи што значи дека болеста се шири тесно во рамките на овие кластери“, истакна Филипче.
