Премиерот Христијан Мицкоски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека претседателката на Европскиот Парламент, Урсула фон дер Лајен на пресконференцијата во Скопје порачала дека правиме импресивна работа.
Како што вели, тоа не го кажала ниту во Подгорица, ниту во Тирана.
„Претседателката фон дер Лајен на прес конференцијата, што никој не го кажува тоа, само тука во Скопје кажа „you are doing impresive job (вие правите импресивна работа)“, значи импресивна работа. Што значи дека ние домашната задача си ја работиме на импресивен начин“, истакна Мицкоски.
