Филипче по новите 445 новозаразени: Не смееме да дозволиме нашиот здравствен систем да не е во состојба да овозможи нега секому кому му е тоа потребно

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 60 милиони

Бројот на лица заразени со коронавирус во светот синоќа надмина 60 милиони, покажуваат податоците објавени на веб-страницата...

Возрасните пациенти со спинална мускулна астрофија за првпат добија лек

Министерството за здравство информира дека вчера за првпат на Клиниката за неврологија двајца возрасни пациенти со спинална...

Во Белата куќа пристигна божиќната елка (ФОТО/ВИДЕО)

Во Белата куќа вчера пристигна божиќната елка, што според традицијата е примена од првата дама на САД,...

Маск стана втор најбогат човек во светот

Американскиот претприемач Илон Маск го престигна основачот на „Мајкрософт“ – Бил Гејтс и, сега тој е втор...

Мајкрософт гради глобален инженерски центар во Ирска

Американскиот софтверски гигант Мајкрософт објави дека планира да ангажира дополнителни 200 инженери во Ирска и да формира...

Бројката на заболени и хоспитализирани поради Ковид-19 расте. Не смееме да дозволиме нашиот здравствен систем да не е во состојба да му овозможи нега секому кому е тоа потребно затоа што капацитетите се искористени, порача вечерва министерот за здравство Венко Филипче во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Почитувањето на мерките, носењето маска и држењето дистанца остануваат најдобри начини сите да помогнеме тоа да не се случи, истакнува Филипче, по објавата на најновата статистика според која во последните 24 часа се направени 2441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на Ковид-19 во државава.

Во одделна објава на ФБ министерот за здравство упати сочувство до семејството на доктор Трајче Нешковски, специјалист интернист од Клиниката за пулмоалергологија, кој денеска загина во сообраќајна несреќа. – Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели. Тој даде сѐ од себе во битката со коронавирусот грижејќи се за пациентите. Тој е мојот колега на кој засекогаш ќе бидам горд! Сочувство до семејството. Трајче почивај во мир, лесна ти земја!, наведе Филипче.

.