Филипче: Преку Амбасадата на Јапонија добивме лек кој покажува добри резултати за лекување на Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека Македонија преку амбасадата на Јапонија, добиен е лек наречен „Авиган“ кој се покажал добар за лекување на Ковид-19. Но, Филипче рече дека и натаму не е одобрен, но дека здравството треба да биде подготвено за користење.

„Преку Амбасадата на Јапонија, добивме лек Авиган. Станува збор за антивирусна терапија, која во Јапонија се користи за третман на инфлуенцата, но, и натаму не е одобрен да биде лек за Ковид-19. Во тек се бројни студии, и од искуство веќе има добри резултати. Сакам да изразам голема благодарност лично до амбасадорката на Јапонија, и во овие денови обезбедивме одредена количина за нас за лекување на 100 пациенти, со оглед дека Јапонија донираше и во некои други земји.

Ова е лек што се користи така да кажам „off lable”, за да биде дефинитивно потврден, односно конкретно за Ковид-19, треба да завршат клиничките студии. Очигледно има добри резултати во земјите, и се препишува после строга индикација, после долги анализи на крвта, анализи кои се прават во нашите болници.“, рече Филипче.