Филипче: Пристигнаа 3.000 вакцини, продолжуваме со планот за имунизација, први ќе се вакцинираат постарите граѓани со хронични болести

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на приемот на вакцините од Русија, од типот „Суптник В“ каде пристигнаа 3.000 дози, истакна дека првите граѓани кои ќе се вакцинираат се постарите со хронични болести.

„Ова е прва пратка од три илјади дози на руската вакцина. Сакам да исакнам благодарност до амбасадорот Баздникин. Овие слободни денови ќе ја продолжиме комуникацијата со цел да се организираме со набавување на следните количини. Станува збор за вакцини кои се разлини во делот на вакцинација и ревакцинација. Продолжува процесот на имунизација на здравствените работници, а потоа и на граѓани. Продолжуваме со националниот план за имунизација, први ќе бидат постарите граѓани со хронични болести“, рече Филипче.

За начинот како ќе се вакцинираат граѓаните, Филипче рече:

„Сите ќе бидат известени преку своите матични лекари и повикани на пунктови. А во делот на старечките домови, вакцинирањето ќе се спроведе во самите домови“, вели Филипче кој додаде дека оваа вакцина се чува на -18 степени и е замрзнат раствор. Ќе се чува во Јане Сандански.

Изјава по повод приемот на вакцините даде и рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.

„Со големо задоволство сум присутен на првата пратка на руската вакцина Спутник В. Убеден сум дека ќе биде од важност за спасување на човечки животи. Секогаш сме подготвени да им помогнеме на граѓаните на Северна Македонија со кои негуваме вековни традиции и имаме соработка со Владата, и сме подготвени да ја прошируваме на нови области, во основа на еднаквост и взаемно почитување на интереси. Ова е првата регистрирана вакцина во светот. Вакцината е безбедна и ефикасна, и сега станува со право станува светски бестслер. Сега е во тек забрзана постапка во европската агенција да ја испитува вакцината. Во СЗО се разгледува барањето за Спутник В да се вклучи во листата на лекови одобрени од нивна страна“, рече Баздникин.