Филипче: Смртта на 31-годишниот пациент кажува дека вирусот не штеди никого и мора сериозно и одговорно да се пристапи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Венко Филипче денеска уште еднаш упати апел до сите граѓани да се почитуваат препораките и да се однесуваме одговорно и максимално внимателно кон вирусот, бидејќи очекува бројката на заразени, и за жал и на починати да се зголемува и кај нас, како и секаде во светот.

„Почитувани граѓани, вирусот зема голем замав насекаде во светот. Бројката на зараени расте и кај нас и во светот, и ќе расте, а со тоа за жал ќе расте и бројката на починат. Почнатиот млад пациент на 31 година е доказ дека вирусот не штеди никого. Јасно е дека е сериозна закана, и мора и ние да се однесуваме кон неа сериозно и одговорно. Апелирам да не се шири паника, да се однесуваме одговрно и внимателно, успехот во оваа борба зависи од секого кај нас“, рече Филипче.