Министерот за здравство Венко Филипче, денеска ја посети Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Тој кажа дека условите во клиниката се значително подобрени.
„Секогаш кога имам можност ја посетувам Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, едно од најпозитивните места во комплексот клиники Оваа година има 1909 породувања тука каде значително ги подобривме условите за престој на родилките. Сакаме моментите на радост да ги направиме уште поубави а условите за вработените и бебињата попријатни.“, напиша Филипче.
