Европа смета дека до 2040 година, ќе треба повеќе од 26% електрична енергија од сегашната, за да се задоволат потребите на сите граѓани. Дали ќе се успееме со тоа, одговара заменик министерот за енергетика Мирослав Лабудовиќ во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21.
„Со овие проекти дури сметам дека ќе го надминеме. Гасната централа во Битола, ЕСМ што финансира обновливи избвори. Во планот е предвидена гасна електрана која ќе се гради во Дуброво во близина на ТЕЦ Неготино, така што полека ги имплементираме сите тие инвестици кои ќе надминеме тоа предвидување од Европа“, изјави Лабудовиќ.
