Министерот за здравство, Венко Филипче за 24 часа со две различни изјави. Вчера беше убеден дека нема потреба од купување вакцини „Спутник В“, кои Србија наскоро ќе почне да ги произведува на Институтот „Торлак“.
Но, во вторник на средба со неговиот српски колега Лончар ќе разговара за набавка на вакцини од Институтот „Торлак“.
Рускиот фонд за директни инвестиции на својата веб-страница објави дека заедно со Институтот „Торлак“ го почнал производство на руската вакцина „Спутник В“ во Србија.
„Така Србија стана првата земја во јужна Европа што ја произведува Спутник В, задоволувајќи ги највисоките стандарди во производството на вакцини“, пишува во објавата. Подоцна, вакцината ќе може да се извезува и во другите земји од регионот.
