Филипче со сочуство за починатиот доктор: Изгубивме другар и доктор кој даде сѐ од себе во битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство, Венко Филипче упати сочуство до семејството на починатиот доктор Трајче Нешковски, кој почина денеска на 32-годишна возраст, откако му се слошило, па со неговито автомобил удрил во дрво на „Рузвелтова“.

„Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели. Тој даде сѐ од себе во битката со коронавирусот грижејќи се за пациентите. Тој е мојот колега на кој засекогаш ќе бидам горд! Сочувство до семејството. Трајче почивај во мир, лесна ти земја!“

Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини,…

Posted by Венко Филипче on Wednesday, October 14, 2020