Филипче: Состојбата со ковид се стабилизира, во Тетово каде имаше 120 хоспитализирани, сега се 90

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Состојбата со корона вирусот во земјава се нормализира. Вака тврди министерот за здравство Венко Филипче кој додаде дека и прегледите низ инфективните болници се редуцирани. Во Тетово каде имаше 120 хоспитализирани пациенти, сега се 90.

Помладите во моментов се поизложени на вирусот и тие се главни посредници поради конатките, рече министерот Филипче. Затоа соопшти дека од четврток ќе се отвори нов вакцинален пункт на универзитетот св. Кирил и Методиј со цел студентите да бидат опфатени повеќе со имунизацијата.

Инаку вкупниот број на заразени со ковид 19 надмина 180 илјади, додека бројот на активни случаи изнесува 15 илјади. Најмногу активни случаи има во Скопје, Тетово и Куманово а најмалку во Демир Капија, Дојран и Пехчево.