Во Министерството за здравство утре ќе пристигне донација од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето. Ова вечерва го истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на телевизијата Сител.
– Тринаесет илјади брзи тестови следната недела ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање, рече министерот Филипче.
Посочи дека добиле голема сума пари со ребалансот на буџетот близу 40 милиони денари и ќе набават близу 100.000 тестови во следниот период за да одговорат на сите потреби.
Во врска со тоа дали нема повеќе да се чека шест до седум дена да се добие тест дури и кога некој има симптоми, рече дека кога имало потреба од итност никој не чекал, болниците имаат апарати за брзи тестови и веднаш реагирале.
Инаку, брзите тестови ќе чинат 1.000 денари.
