Филипче: Утре се пуштa веб страницата преку која ќе се врши пријавување за вакцинација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска, по обиколка на поликлиниката Бит Пазар каде се сместени фрижидерите каде ќе се складираат вакцините, посочи дека од утре ќе биде пуштен сајтот преку кој граѓаните ќе може да се пријават за вакцинација.

Веб-страницата за пријавување и изразување интерес за вакцинација против Ковид-19 се очекува утре да биде во функција. Тоа значи дека буквално секој може да се пријави“, посочи Филипче.

Министерот додава дека системот сам ќе генерира приоритети, што значи дека ќе ги прими податоците дури и за помладите кои немаат хронични болести, а кои изразуваат волја за вакцинација и тогаш кога ќе дојде редот за вакцинација ќе им стигне известување соодветно.

„Значи, волјата се изразува еднаш преку регистрација на сајтот“, појасни Филипче.